Бројот на загинати во катастрофалните поплави во Непал и Тибет надмина 1.000.
Повеќе од 3.900 луѓе сè уште се водат како исчезнати, од кои повеќе од 600 се непалски работници, за кои се верува дека се заробени во огромна мрежа тунели на хидроцентралите долж реката Тришули. Инженерите пумпаат воздух во тунелите исполнети со кал и иако еден тим успеа да влезе во еден од нив, се повлече откако не најде никој.
Спасувачката операција ја предводи меѓународен тим составен од кинески и непалски воени лица, а вклучени се и експерти од Индија, Кореја и Австралија.
Непал во голема мера се потпира на хидроенергија и долги години развиваше проекти долж своите планински речни системи. Најмалку 11 проекти кои се завршени или се во изградба се оштетени во поплавите, соопштија властите.
Само 4% од досега пронајдените тела се идентификувани, изјави портпаролот на Министерството за здравство. Меѓу исчезнатите се и околу 590 странски државјани од 39 земји. Српската државјанка која се водеше како исчезната е пронајдена жива, потврди нејзиното семејство.
Падот на еден глечер на 26 август предизвика поплава од мраз, карпи и кал, што го зафати пограничниот регион на Непал со Кина, погодувајќи 90.000 луѓе.



