ГЕРМАНИЈА ЈА ОБВИНИ РУСИЈА ЗА НАПАДОТ СО ДРОН НА АЕРОДРОМОТ ВО ЛАЈПЦИГ

    ГЕРМАНИЈА ЈА ОБВИНИ РУСИЈА ЗА НАПАДОТ СО ДРОН НА АЕРОДРОМОТ ВО ЛАЈПЦИГСпоред истражителите, дронот не експлодирал бидејќи детонаторот очигледно бил неисправен (Фото: Гети)

    Германија ја обвини Русија дека е одговорна за нападот со беспилотно летало минатиот месец на аеродромот во Лајпциг. Во близина на украински товарни авиони, на 4 август беше откриен дрон што носеше експлозивна направа.

    Според истражителите, дронот не експлодирал бидејќи детонаторот очигледно бил неисправен, а второ беспилотно летало се судрило со товарен авион во близина.

    Министерот за внатрешни работи Александер Добринт рече дека нападот го следел „добро воспоставениот модел на руски хибридни операции во Европа“ и претпоставува дека Германија повторно ќе биде цел.
    Безбедносните експерти шпекулираа дека Русија е одговорна, но таа ги отфрлаше тврдењата за вмешаност.

    Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул рече дека ќе нареди затворање на рускиот конзулат во Бон, а ќе биде раскинат и договорот за Руската куќа во Берлин, која, според многумина, се користела за шпионажа и ширење руска пропаганда.

    Аеродромот Лајпциг/Хале во источна Германија го користат германската војска и сојузниците на НАТО за транспорт на воена опрема, а служи и како база за украинската авиокомпанија „Антонов ерлајнс“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира