ЗЕЛЕНСКИ ОЧЕКУВА ВОЈНАТА СО РУСИЈА ДА ПРОДОЛЖИ И ВО ЗИМА ОТКАКО РАЗГОВАРАШЕ СО ВИТКОФ И КУШНЕР

    ЗЕЛЕНСКИ ОЧЕКУВА ВОЈНАТА СО РУСИЈА ДА ПРОДОЛЖИ И ВО ЗИМА ОТКАКО РАЗГОВАРАШЕ СО ВИТКОФ И КУШНЕРРазговорите завршија без најава на голем пробив (Фото: ДПА)

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека очекува војната со Русија да продолжи и во зима, откако разговараше со специјалните пратеници на Доналд Трамп во Киев.

    Разговорите завршија без најава на голем пробив, откако Стив Виткоф и Џаред Кушнер отпатуваа во Украина за првпат од почетокот на целосната руска инвазија. Претходниот ден, тие разговараа со Владимир Путин во Москва. Виткоф рече дека е „охрабрен“ од она што го нарече „суштински и важни разговори во Киев.

    Зеленски нагласи дека сака праведен мир, без можност за обновена агресија од страна на Русија.

    По разговорите, кои траеја неколку часа зад затворени врати, Зеленски им рече на новинарите дека се договориле претставници од Украина, Европа и Америка да се сретнат во блиска иднина за да продолжат со дискусиите. Тој, исто така, повика на трилатерален состанок со Русија и САД.

    „Уверени сме дека ќе има добро решение тука“, рече Виткоф, додавајќи дека преговарачите постигнале голем напредок во Москва.

    Зеленски нагласи дека доколку војната продолжи во зима, како што сега изгледа, на Украина ќе ѝ треба воздушна одбрана и енергетска поддршка. Изминатите зими, Русија ги фокусираше своите напади врз енергетската инфраструктура.

    Украина треба да развие свој антибалистички систем, но сметаме и на тоа дека Американците ќе го зголемат производството следната година“, кажа Зеленски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира