Голема дупка се отвори пред куќа во Малибу, за која се тврди дека му припаѓа на холивудскиот актер Николас Кејџ. Дупката, чии димензии се девет метри на девет метри, се појавила откако пропаднала патеката по обилните дождови во јужна Калифорнија во последните денови.
Локалните медиуми објавија дека нема пријавени повредени..
Кејџ ја купил куќата во 2024 година, според извештај во „Њујорк тајмс“ кратко по продажбата.
Жителите во близина рекоа дека биле информирани дека во понеделникот почнала да се формира дупка од 2,5 метри.
„Во тој момент, сопствениците на куќите не беа премногу загрижени. Мислевме дека може да се поправи доста брзо. Но, потоа, стана сериозно“, изјави еден жител.
Уривањето проголта голем дел од приодот на куќата. Штетата се случи откако беше издадено предупредување за поплави на крајбрежјето на Лос Анџелес поврзано со тропската бура Мари, која претходно беше ураган.



