ТРАМП ИМ ВЕТИ ПО 5.000 ДОЛАРИ НА СИТЕ ВОЗРАСНИ АМЕРИКАНЦИ АКО РЕПУБЛИКАНЦИТЕ ПОБЕДАТ НА ИЗБОРИТЕ ВО НОЕМВРИ

    ТРАМП ИМ ВЕТИ ПО 5.000 ДОЛАРИ НА СИТЕ ВОЗРАСНИ АМЕРИКАНЦИ АКО РЕПУБЛИКАНЦИТЕ ПОБЕДАТ НА ИЗБОРИТЕ ВО НОЕМВРИТрамп порача дека парите ќе мора да се потрошат во САД (Фото: АП)

    Доналд Трамп кажа дека ќе му понуди 5.000 долари на секој возрасен Американец доколку републиканците победат во двата дома на Конгресот на меѓуизборите во ноември, план што би чинел повеќе од трилион долари. Контроверзната понуда ја изнесе во говорот на првата конвенција на партијата пред изборите, што се одржа во Тексас.

    Тој не даде детали како би функционирал планот или од каде би дошле парите, велејќи само дека парите ќе мора да се потрошат во САД.

    Ако републиканците победат и во Претставничкиот дом и во Сенатот, ќе издадам дивиденда за секој возрасен граѓанин во САД во вредност од 5.000 долари. Не сакаме да одите во Канада за да ги трошите парите. Не сакаме да одите во Кина или во Германија. Мора да ги трошите парите во Соединетите Американски Држави“, рече Трамп.

    Демократите веднаш го нарекоа ова „празно ветување“, а други се запрашаа дали таквото ветување е легално.

    Во САД има речиси 270 милиони возрасни граѓани, што значи дека исплатите од 5.000 долари по човек би ја чинеле американската влада околу 1,3 трилиони долари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира