БУГАРСКАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА ЈОТОВА ВЕЛИ ДЕКА ГИ НАПРАВИЛЕ СИТЕ ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ ЗА ДА МОЖЕ ОМО „ИЛИНДЕН ПИРИН“ ДА СЕ РЕГИСТРИРА, АМА СЕКОГАШ ИМ НЕДОСТАСУВА НЕКОЈ ДОКУМЕНТ

    БУГАРСКАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА ЈОТОВА ВЕЛИ ДЕКА ГИ НАПРАВИЛЕ СИТЕ ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ ЗА ДА МОЖЕ ОМО „ИЛИНДЕН ПИРИН“ ДА СЕ РЕГИСТРИРА, АМА СЕКОГАШ ИМ НЕДОСТАСУВА НЕКОЈ ДОКУМЕНТОд вкупно 16 добиени пресуди за кршење на правото на слободно здружување на Македонците во Бугарија, 11 се на ОМО „Илинден Пирин“. - Бугарската претседателка Илијана Јотова (Фото: Бугарско претседателство)

    Бугарската претседателка Илијана Јотова по средбата со генералниот секретар на Советот на Европа Ален Берсе во Стразбур кажа дека очекува надзорот над извршувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права во врска со ОМО „Илинден Пирин“ конечно да биде завршен на следната седница.

    Според Јотова, Бугарија досега ги исполнила сите упатени препораки од меѓународните тела и во координација со Агенцијата за впишување направила законски измени за да се овозможи регистрација на организацијата, но додаде дека од нивна страна секогаш изостанува некаков документ при аплицирањето.

    Советот на Европа е надлежен за надзор на спроведувањето на пресудите на Судот во Стразбур.

    ОМО “Илинден Пирин“ е само една од организациите и здруженијата на македонското малцинство во Бугарија, но е најбројна, најактивна во поднесување тужби пред Европскиот суд за човекови слободи и права против неа и редовен победник во споровите.

    Од вкупно 16 добиени пресуди за кршење на правото на слободно здружување на Македонците во Бугарија, 11 се на ОМО „Илинден Пирин“. Првата пресуда оваа организација ја добила пред Стразбур во 2001 година. Ниту неа, ниту последователните 10 добиени пресуди, Република Бугарија ги спреведе до денеска. А ни останатите 5 што ги добиле „Македонскиот клуб за етничка толеранција во Бугарија“ и други подносители на тужби за кршење на човекови права од страна на бугарските власти.

    Премиерот Христијан Мицкоски во неколку наврати досега има кажано дека бара јасни гаранции од Европскиот совет дека нема проблем со македонскиот идентитет, јазик и култура, како и Бугарија да ги спроведе пресудите од Судот за човекови права во Стразбур за правата на Македонците.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира