НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО 2032 ЌЕ ИМА НАТПРЕВАРИ НА РЕКА ВО КОЈА ЖИВЕАТ 500 КРОКОДИЛИ

    НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО 2032 ЌЕ ИМА НАТПРЕВАРИ НА РЕКА ВО КОЈА ЖИВЕАТ 500 КРОКОДИЛИКрокодилите од реката Фицрој можат да пораснат над шест метри (Фото: Гети)

    Река која е дом на околу 500 крокодили ќе биде домаќин на олимписките и параолимписките натпревари во веслање и кану за време на Игрите во Бризбејн во 2032 година. Патеката на реката Фицрој во Квинсленд успешно ја помина независната техничка проценка за нејзината соодветност.

    Во проценката не биле земени предвид крокодилите, туку се разгледувало како патеката би функционирала во различни услови, како временски прилики, нивоа на водата и ризик од поплави, како за време на самите Игри, така и во периодот што им претходи.

    Објектот за спортови на мирни води на реката Фицрој веќе претставува локација за тренинзи и натпревари, поддржувајќи државни училишни првенства, локални регати и тренинг-кампови за национални тимови“, објави Комисијата за независна инфраструктура и координација на Игрите.

    Претседателот на Организацискиот комитет на Игрите во Бризбејн, Ендрју Ливерис, минатата година го минимизираше прашањето за крокодилите.

    „Во океанот има ајкули, а, сепак, сурфаме. Ставот треба да биде ’можеме‘, а не ’не можеме‘, па ве молам, променете го начинот на размислување“, изјави тој тогаш.

    Овие крокодили живеат и во слатки и во солени води и можат да пораснат над шест метри.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира