ВРАЌАЊЕТО ВО ЕУ Е ОПЦИЈА ЗА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА, КАЖА ПРЕМИЕРОТ БЕРНАМ

    ВРАЌАЊЕТО ВО ЕУ Е ОПЦИЈА ЗА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА, КАЖА ПРЕМИЕРОТ БЕРНАМБернам изјави дека договорот за брегзит направил повеќе штета отколку корист (Фото: ДПА)

    Британскиот премиер Енди Бернам изјави дека обидот за повторно зачленување во Европската Унија би можела да биде една од опциите што неговата влада ќе ги разгледува, додека земјата се стреми кон суштинска промена во односите со блокот.

    На годишната конференција на владејачката Лабуристичка партија во Ливерпул, Бернам изјави дека договорот за брегзит постигнат од Конзервативците направил повеќе штета отколку корист и најави дека на самитот на Обединетото Кралство и ЕУ, што ќе се одржи подоцна оваа година, ќе ги изнесе своите ставови за „различните опции за долгорочните односи на Британија со европските партнери“.

    „Јасно е дека постојат опции што треба да се разгледаат, а ние мораме да видиме што е изводливо и кои би биле предностите и недостатоците на секоја од нив“, рече Бернам.

    Претходниот премиер Кир Стармер вети дека нема да се враќаат на единствениот пазар или во царинската унија на ЕУ. Владата на Бернам ќе се придржува до тој став пред општите избори, но неговиот потег го подготви теренот за понатамошна иницијатива за обновување на односите, една деценија по референдумот за брегзит.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира