Компанијата „М-6 Еден“ во сопственост на Светозар Јаневски стана закупец на Белградската индустрија за пиво (БИП).
„М-6 Еден“на последната аукција даде највисока понуда за закуп на сите брендови на Белградската пиварница по што одборот на доверители на БИП ја прифати понудата, соопшти компанијата на Јаневски.
Согласно договорените услови во наредниот период ќе бидат задржани вработените, а во следните фази се предвидува развој на бизнисот и унaпредување на работењето на компанијата.
Српската новинска агенција „Танјуг“ објави дека понудата на „М-6 Еден “ за закуп на БИП изнесува 912 илјади евра годишно.
Јаневски истовремено е мнозински сопственик и претседател на управниот одбор на винарската визба „Тиквеш“.
Новиот закупец на БИП изјавил за „Танјуг“ дека планира во иднина да вработи до 300 работници и да вложи во нови производствени капацитети во вредност од 30 милиони евра за изградба на нов погон во рамките на сегашната пивара на БИП во Белград.