САД БОМБАРДИРАА ИРАНСКИ ОСТРОВ ВО ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ ДЕН ПРЕД МЕЃУИЗБОРИТЕ

    САД БОМБАРДИРАА ИРАНСКИ ОСТРОВ ВО ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ ДЕН ПРЕД МЕЃУИЗБОРИТЕТрамп изјави дека не брза да ги засили нападите врз Иран (Фото: АП)

    САД извршија напади врз иранскиот остров Кешм во Ормускиот Теснец, изјавија американски функционери, што се случи во пресрет на денешните американски меѓуизбори. Иранската државна новинска агенција ИРНА извести за неколку експлозии на островот.

    Американските претставници рекоа дека нападите биле ограничени и одговор на тоа што Иранската револуционерна гарда отворила оган врз американско летало.

    Доналд Трамп вчера им изјави на новинарите дека не брза да ги засили нападите врз Иран.

    „Вака или онака, ќе преземеме нешто, но нема потреба од брзање. Финансиски ги осакативме. Немаат пари, немаат бензин, а на нивниот народ веќе му е преку глава од сето тоа“, кажа Трамп.

    Во последните неколку дена се зголемија шпекулациите дека САД би можеле да продолжат со значителни напади врз Иран по меѓуизборите. Трамп вчера го негираше ова.

    Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи претходно изјави дека се водат многу интензивни разговори со САД преку посредници.

    „Иран е подготвен и за дипломатски и за воени сценарија повеќе од кога било досега. На САД е да изберат помеѓу мудар пат на преговори или грешка на воена агресија“, кажа Арагчи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира