ДЕМОКРАТИТЕ ПОБЕДИЈА ВО КАНЗАС ЗА ПРВПАТ ОД 1932, ВО ТЕКСАС ОД 1988, ВЕНС КАЖА ДЕКА ГИ ИЗГУБИЛЕ ИЗБОРИТЕ ПОРАДИ ВОЈНАТА ВО ИРАН

    ДЕМОКРАТИТЕ ПОБЕДИЈА ВО КАНЗАС ЗА ПРВПАТ ОД 1932, ВО ТЕКСАС ОД 1988, ВЕНС КАЖА ДЕКА ГИ ИЗГУБИЛЕ ИЗБОРИТЕ ПОРАДИ ВОЈНАТА ВО ИРАНЏејмс Таларико е зибран за сенатор во Тексас, иако републиканците вложиле 200 милиони долари во својата кампања (Фото: АП)

    Републиканците доживеаја дебакл на меѓуизборите во САД, само две години по убедливата победа на Доналд Трамп на претседателските избори и потпретседателот Џеј-Ди Венс отворено кажа дека главната причина за тоа е војната со Иран.

    „Причината зошто изгубивме е војната. Сите знаат зошто изгубивме. И секој искрен разговор за тоа каде одиме оттука мора да започне оттаму“, изјави Венс.

    Партијата на Трамп ја изгуби контролата во двата дома на Конгресот. Според последните резултати, демократите имаат 54 сенатори и освоија најмалку 234 места во Претставничкиот дом, со што веќе го обезбедија мнозинството.

    Покрај тоа, демократите постигнаа историски победи во неколку сојузни држави кои не избраа демократски сенатор со децении, прекинувајќи ја долготрајната доминација на републиканците во делови од земјата. Ова е најизразено во Канзас, каде што Адам Хамилтон стана првиот демократски сенатор од 1932 година.

    Демократите првпат победија во Тексас од 1988, во Јужна Каролина од 1998, а во Северна Каролина и во Ајова од 2008 година.

    Трамп ги замоли гласачите да се преправаат дека тој е на гласачкото ливче и рачно ги избра републиканските кандидати во некои од најзначајните трки за Сенатот. Сепак, кандидатите поддржани од Трамп во Јужна Каролина, Северна Каролина, Тексас и Мичиген изгубија, што ги откри границите на неговата политичка моќ.

    „Ова е Трампов земјотрес. Трамп ја помина годината кажувајќи им на гласачите што е важно за него, а не за нив“, рече Даг Хеј, искусен републикански стратег, укажувајќи на фрустрацијата на гласачите поради високите цени предизвикани од царините и војната во Иран.

    Трамп имаше помирувачки тон по изборите, сугерирајќи дека може да соработува со демократите, но исто така се закани дека ќе го користи правото на претседателско вето за да ја поништи нивната агенда.

    „Не сакам само да седам таму две години и да ставам вето на сè“, изјави Трамп за „Политико“.

    Демократите во Претставничкиот дом најавија 100-дневна агенда, што ќе започне со напори за намалување на цените на горивото, прехранбените производи и на другите стоки, како и закони за поништување на намалувањата на програмите за здравствена заштита. Отповикување на претседателот или на членовите на неговиот кабинет е исто така опција.

    „Имам неколку збора за американскиот народ: олеснувањето е на пат“, рече сенаторот од Њујорк, Хаким Џефрис.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира