ТРАМП СЕ ПОЈАВИ ВО ЈАВНОСТ ПО ТЕШКИОТ ПОРАЗ НА ИЗБОРИТЕ И ЈА ФАЛЕШЕ СВОЈАТА БАЛСКА САЛА

    ТРАМП СЕ ПОЈАВИ ВО ЈАВНОСТ ПО ТЕШКИОТ ПОРАЗ НА ИЗБОРИТЕ И ЈА ФАЛЕШЕ СВОЈАТА БАЛСКА САЛАТрамп се согласи со Џеј-Ди Венс дека за поразот е виновна војната со Иран (Фото: АП)

    На своето прво јавно појавување по тешкиот пораз на неговата Републиканска партија на меѓуизборите, Доналд Трамп збореше за своите градежни проекти во Вашингтон. Тој ја пофали балската сала што ја гради во Белата куќа и се осврна на својот план за изградба на триумфална порта и на реновирањето на старо голф игралиште во главниот град на САД.

    „За претседател е сон да има балска сала. Оваа сала би била најдобрата насекаде во светот. Го направивме Вашингтон прекрасен и сите зборуваат за тоа“, кажа Трамп

    Републиканците го изгубија мнозинството во Претставничкиот дом и Сенатот, бидејќи гласачите ги казнија политиките на Трамп, кои поттикнаа висока инфлација и зголемување на цените на горивото. Трамп се согласи со својот потпретседател Џеј-Ди Венс дека за поразот е виновна војната со Иран.

    „Тоа е во голема мера точно. Војната малку ја зголеми цената на бензинот, но краткорочно. Но, она со Иран мораше да го направиме и ќе продолжиме да го правиме“, рече Трамп и повторно се обиде да се дистанцира од поразот на републиканците.

    „Да бев јас на гласачкото ливче, ќе победевме“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира