ЈЕМЕНСКИТЕ ТРУПИ СЕ ПОВЛЕКОА ОД КЛУЧНИОТ ТЕСНЕЦ НА ЦРВЕНОТО МОРЕ, ОСТАВАЈЌИ ИМ ГО НА ХУТИТЕ

    ЈЕМЕНСКИТЕ ТРУПИ СЕ ПОВЛЕКОА ОД КЛУЧНИОТ ТЕСНЕЦ НА ЦРВЕНОТО МОРЕ, ОСТАВАЈЌИ ИМ ГО НА ХУТИТЕХутите ја зазедоа областа во ненадеен напад во септември, што го попречи глобалниот извоз на нафта (Фото: АП)

    Јеменските провладини сили поддржани од Саудиска Арабија се повлекуваат од областа што гледа кон стратешки важниот теснец Баб ел-Мандеб, оставајќи го под контрола на проиранските хути. Јеменската војска изјави дека ги преместува своите трупи од клучниот поморски премин на јужниот крај на Црвеното Море со цел да ја брани привремената престолнина Аден.

    Овој потег става крај на повеќенеделната офанзива чија цел беше да се обезбеди областа во близина на Баб ел-Мандеб, откако хутите ја зазедоа во ненадеен напад во септември, што го попречи глобалниот извоз на нафта и предизвика бегство на илјадници луѓе. Медиумите под контрола на хутите објавија дека групата ја презела контролата врз таа територија.

    Провладините сили соопштија на почетокот на октомври дека го обезбедиле теснецот, но сега кажаа дека одбраната на Аден е приоритет. Новинската агенција „Ројтерс“ пренесе соопштение од Јужните вооружени сили, во кое се наведува дека војниците се повлекуваат од аеродромот во Дубаб и од областа Баб ел-Мандаб.

    По заземањето на теснецот, хутите кажаа дека не претставуваат закана за меѓународната пловидба низ него, но дека ќе продолжат да ги напаѓаат пловилата од Саудиска Арабија. Таа одговори со стотици воздушни напади, додека хутите лансираа стотици беспилотни летала и ракети кон нејзините градови и инфраструктура.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира