ПО „МИРНО ЛЕТО“ ОД ПРЕД 50 ГОДИНИ ВО ОХРИД СЕ СНИМА ЦЕЛ ФИЛМ СО НАСЛОВ „ДЕДО И ВНУК”

    ПО „МИРНО ЛЕТО“  ОД ПРЕД 50 ГОДИНИ ВО ОХРИД СЕ СНИМА ЦЕЛ ФИЛМ СО НАСЛОВ „ДЕДО И ВНУК”Сцена од првата клапа - режисерот Пиперкоски и актерите Катерина Коцевска и Дејан Лилиќ

    Во Охрид  почна снимањето на филмот  „Дедо и внук” на  охриѓанецот и познат македонски режисер Илија Пиперкоски. Филмот е во продукција на “Пандореа бокс продукција”, а е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија. Сценарист и режисер е  Илија Пиперкоски, кој факултетот за филм, телевизија и драма го заврши во Букурешт, Романија.

    Според сценариото во ова филмско дело се раскажува приказната по смртта на еден млад пациент,во која младиот доктор Никола се обидува да направи ред во својот живот и оди на посета кај неговиот дедо. Последен пат бил кај него пред 10 години. Ова е филм за конфликт на генерации, со контраст на морални вредности и  моменти за втора шанса.

    Филмот комплетно ќе се снима во Охрид. Ова е за прв пат во поновата македонска историја, игран филм во целост да се снима во Охрид. Последен пат тоа беше со култниот филм “Мирно лето” кој во 1961 година го снимаше Димитрие Османли.

    Директор на фотографија е  Патру Паунеску од Романија  сценографијата е на  Владимир Зафирковски, коостимограф е Жаклина Крстевска, автор на шминката и маските е Клаудиа Мусат, снимател на звукот е Мариус Станеску, а продуцент  е Огнен Антов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира