ПРИВАТНОТО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА ЕУРОЛИНК ОТСЕГА ПОКРИВА И ТРОШОЦИ ЗА ПОРОДУВАЊЕ

    ПРИВАТНОТО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА ЕУРОЛИНК ОТСЕГА ПОКРИВА И ТРОШОЦИ ЗА ПОРОДУВАЊЕ

    „Еуролинк осигурување“ ја прошири својата понуда за продуктот Семејно приватно здравствено осигурување со дополнително вклучување трошоци за породување во некоја од приватните болници по избор на клиентот, соопшти осигурителната компанија.

    Покривање на трошоците за породување се однесува на клиентите кои ќе склучат петгодишен договор за лојалност за пакетите за Семејно приватно здравствено осигурување Основен, Комфорт и Премиум со доплата од 900, 1.150, односно 1.650 денари месечно во зависност од висината на лимитот, кој е достапен за користење за овој тип здравствена услуга во период од пет години.

    „Еуролинк“ го воведе продуктот за Семејно приватно здравствено осигурување на почетокот на годината. На една полиса за Семејно приватно здравствено осигурување, сите членови на семејството можат да се лекуваат во приватните болници во Македонија како што се „Систина“, „Филип Втори“, „Ремедика“ и слично, како и во одбрани реномирани болници во странство.

    Граѓаните можат да одберат во зависност од потребите на семејството Основен, Комфорт или Премиум пакет за семејно приватно здравствено осигурување, по цена од 1.800, 2.000 и 3.350 денари месечно, соодветно на пакетот. Во Семејното приватно здравствено осигурување се вклучени и превентивни прегледи во согласност со желбите и потребите на семејството, како што се лабораториски испитувања, стоматолошки и офталомолошки прегледи, слободно без медицинска индикација до осигурената сума наведена во полисата.

    Семејното приватно здравствено осигурување може да се купи во продажните места на „Еуролинк Осигурување“, преку агентите за осигурување на „Еуролинк“, а подетални информации се достапни на интернет-страницата на „Еуролинк“ или на телефонскиот број 02 15 888.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира