„ДОЛГА ПРИКАЗНА“ ЈА ОТВОРА НЕДЕЛАТА НА ТУРСКИ ФИЛМ

    „ДОЛГА ПРИКАЗНА“ ЈА ОТВОРА НЕДЕЛАТА НА ТУРСКИ ФИЛМДел од актерската екипа на „Долга приказна“ на Осман Синав ќе биде присутна на отварањето

     

    Со „Долга приказна“ на Осман Синав вечерва во 20 часот почнува Неделата на турски филм, со гала вечер во Македонскиот народен театар (МНТ). Во филмот на реномираниот режисер Синав главна улога игра Кенан Имирзалиоглу, еден од најпознатите филмски актери во Турција.

    Од утре ревијата продолжува во кино Милениум (од 17 и 20 часот), а ќе играат „Танц со којотите 4“, „Чанаккале“,  „Крајот на патот“, „Збогум Катја“, „Раната на мојата мајка“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира