Денеска опозицијата покрена постапка за утврдување на одговорност против, како што рече координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугарески , лицето Ѓорге Иванов, претседател на Македонија
“ Со својата вчерашна одлука, со општа амнестија, како што рече тој на политичарите, Ѓорге Иванов стана заштитник на криминалците, го погази Уставот и достоинството на граѓаните и тоа е рамно на државен удар. Дополнително, му зададе смртоносен удар на Договорот од Пржино“, рече Сугарески.
“Затоа бараме Собранието да биде свикано за утврдување одговорност на Ѓорге Иванов. Ги повикуваме сите парламентарни партии да ја поддржат оваа иницијатива и да преземат чекор за враќање на уставниот поредок во Македонија“, повика Сугарески.
Тој ја потсети владејачката ВМРО-ДПМНЕ дека вчера соопшти оти е фрапирана од одлуката на Иванов да ги амнестира сите политичари осомничени и обвинети во врска со криминалот од прислушуваниот материјал. Оттаму, ја повика пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да дојде да ја поддржи иницијативата за импичмент на Иванов. Во спротивно, рече, ќе бидат соучесници во државниот удар и ќе потврдат дека одлуката на Иванов е договор со ВМРО-ДПМНЕ.
Тој го обвини Иванов дека со својата постапка врши дискриминација и поделба меѓу граѓаните. Обичните граѓани, рече тој, ги остава да гнијат во затвор за минорни кривични дела, амнестирајќи притоа тешки криминалци од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Според пратеничката група на СДСМ, има уставна и деловничка можност да биде свикана собраниска седница, иако Собранието е распуштено. Поголема вонредна состојба од ова, според СДСМ, нема. Фали велат пратениците, уште граѓаните после одлуката за амнестија од Иванов, да се испотепаат меѓу себе.
Според собраниските стручни служби, пак, претседателот Трајко Вељаноски нема уставна, законска и деловничка можност да свика собраниска седница, бидејќи според Уставот, распуштено Собрание итна седница може да се свика само при воена опасност или вонредна состојба. Вонредна состојба, пак, се прогласува само при природна непогода или епидемија.
Предлог за утврдување на одговорноста можат да поднесат најмалку 30 пратеници.
Постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Републиката покренува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. За одговорноста на претседателот одлучува Уставниот суд со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии.
Ако Уставниот суд утврди одговорност на претседателот на Републиката, функцијата му престанува по сила на Уставот.
Ако Уставниот суд утврди одговорност на претседателот на Републиката, функцијата му престанува по сила на Уставот.
Досега предлогот го потишале 37 пратеници, меќу кои и лидерите на ДОМ и на ДС Лиле Поповска и Павле Трајанов.
Nice and tidy.