Договорот за изградба на нов клинички центар во Скопје, во вредност од 72 милиони евра, денес во свечената сала на владата го потпиша Никола Тодоров, кој сега е технички министер за здравство и пратеник во Собранието.
Овој договор е потпишан три дена откако претседателот Ѓорге Иванов му го додели мандатот на лидерот на СДСМ Зоран Заев да состави нова Влада. Клинички ќе го градат домашните градежни компании Гранит и Бетон и италијанската компанија Инсо Системи. Новиот клинички центар е предвидено да се наоѓа на местото на поранешна Гинекологија.
Тодоров, по потпишувањето на договорот, не одговори на новинарските прашања во кое својство го потпишал договорот.