Предложената министерка за образование Рената Дескоска кажа дека годинава нема да има екстерно тестирање на прес-конференција во Собранието. Пратеничката Дескоска рече дека е одблокирана работата на Собранието и екстерното тестирање ќе биде ставено на дневен ред.
„Утре на на дневен ред на собраниската седница ќе се најдат три закони со кои што ќе биде укинато екстерното тестирање во основните и средните училишта“, изјави Дескоска.
Дескоска денеска до полноќ треба да биде избрана за министерка во владата на мандатарот Зоран Заев.