Собранието денеска треба да го укине екстерното тестирање и да го продолжи мандатот на градоначалниците и на советите на општините.
Продолжувањето на мандатите на локалните власти треба да се направи со закон за изменување и за дополнување на Изборниот законик. Предлогот законот да се донесе поскратена постапка е поднесен од Оливер Спасовски, Ејуп Аљими, Африм Гаши и од Весел Мемеди.
Екстерното тестирање ќе мора да се укине со изменување и со дополнување на три закони – за основното, за средното образование, и законот за наставници во основните и во средните училишта. Сите три предлог закони се поднесени од коалицијата на СДСМ.