Илјадници навивачи на Јувентус го следеа на видео бим финалето на Лигата на шампиони против Реал Мадрид на плоштадот Сан Карло во Торино, кога настана хаос по лажен аларм за бомба. Најмалку 30 од нив беа повредени во стампедото што следуваше.
На снимките на социјалните мрежи се гледа како луѓето бегаат од плоштадот, а некои од нив беа и раскрвавени. Според првичните информации, паниката ја предизвикале петарди.
Повредените што се примени во болниците во Торино се со набиеници и исекотини, а засега нема официјално објаснување што ја предизвикало паниката.