ЌЕ СЕ ВРАЌААТ БАНКНОТИТЕ ОД 50 И 10 ДЕНАРИ, НБМ ЌЕ ПОТРОШИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ 2 МИЛИОНИ ЕВРА

    ЌЕ СЕ ВРАЌААТ БАНКНОТИТЕ ОД 50 И 10 ДЕНАРИ, НБМ ЌЕ ПОТРОШИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ 2 МИЛИОНИ ЕВРАЗамената со монети се покажа како исплатлива зашто кованите пари имаат подолг рок на траење од книжните. Но, на пазарот ситуацијата беше поинаква. Кованите пари исчезнуваа, не се враќаа во оптек зошто граѓаните немаат однос кон нив како кон книжните банкноти и често ги губат“, велат од Народна банка.

    Пластични пари од 10 и од 50 денари треба да се појават до крајот на годината, а  Народна банка за печатење на апоените ќе плати 2 милиони евра. Јавниот оглас е објавен на електронскиот систем за јавни набавки, каде стои дека критериум за добивање на договорот е најниска цена.
    Според банката, предноста на новите пластични пари ќе биде тоа што тие тешко се оштетуваат и тешко се фалсификуваат. Народната банка нарача печатење на 25 милиони парчиња апоени од 10 денари и 15 милиони парчиња апоени од 50 денари. Вкупната вредност на новите апоени кои ќе бидат пуштени во опдег е милијарда денари.
    „Банкнотите од 10 и 50 денари беа најупотребувани во платниот промет поради што најбргу се уништуваа. За да се намалат трошоците за нивното често печатење, се заменија со ковани. Замената, според анализите, се покажа како исплатлива зашто кованите пари имаат подолг рок на траење, од книжните. Но, на пазарот ситуацијата беше поинаква. Кованите пари исчезнуваа, не се враќаа во оптек зошто граѓаните немаат однос кон нив како кон книжните банкноти и често ги губат“, велат од Народна банка.
    Добавувачот е должен да ги испорача банкнотите во рок до најмногу 6 месеци од денот на склучувањето на договорот. Договорот е во времетраење од една година.
    Во огласот објавен на сајтот на јавни набавки стои дека Народна банка ги обезбедила парите за печатење на апоените со финансискиот план за 2017, 2018 и 2019 година.
    Боите на новите пари коишто ќе се употребуваат за печатење на банкнотите ќе бидат од специјална изработка и достапни само на производителите на банкноти. Боите мора да бидат постојани на светлина и отпорни на влажност и други екстремни климатски услови, како и на хемикалии коишто ќе дојдат во допир со банкнотите во вообичаената употреба.
    Кај апоенот од 10 денари, во транспарентниот прозорец ќе биде прикажан фин стилизиран цртеж на паун, а вградена обоена слика ќе се влева во прозорецот со дел од детали од пердувите на опашката на паунот.
    Кај апоенот од 50 денари, во транспарентниот прозорец ќе биде прикажан фин стилизиран цртеж на рановизантиска монета, а вградена обоена слика ќе се влева во прозорецот со кругови коишто зрачат околу монетата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира