Индиската авиокомпанија „Џет Ервејс“ му подари бесплатна доживотна карта на бебе кое се роди на еден од нивните летови од Саудиска Арабија до Индија. Екипажот и една патничка, која била обучена медицинска сестра, помогнаа да се роди бебето на височина од над 10 илјади метри.
Мајката и бебето беа однесени во болница откако Боингот 737 слета во западниот индиски град Мумбаи.
Авиокомпанијата соопшти дека мајката и бебето се добри и им се заблагодари на екипажот и на медицинската сестра за успешното породување на машкото бебе.
Компанијата додаде дека ова било прв пат бебе да им се роди за време на лет.