Полицијата го ослободи пристапот кон Владата, откако не им дозволуваше на демонстрантите да им се приближат ниту на Собранието ниту на Владата, јавуваат репортерите на СДК.МК. Демонстрантите беа заробени на потегот околу Камениот мост. Тоа го зголеми револтот помеѓу граѓаните. Центарот на Скопје вечерва е целосно блокиран. Силни полициски сили има на секој чекор.
Граѓаните што протестираат против одлуката на Иванов за аболиција на политичари и против изборите закажани за 5 јуни прво се собраа пред седиштето на Специјалното обвинителство и тргнаа кон Собранието, но таму наидоа на кордон полицајци кои не им дадоа да се приближат до зградата. Демонстрантите беа запрени кај Триумфалната капија. Потоа беа сопрени и кај Камениот мост во близина на Музејот на ВМРО.