Треба да обезбедиме вистински механизам каде ќе имаме владеење на правото и високо развиена политичка култура и свест и одговорноста за да се превенира злоупотребата на моќта и власта, рече претседателот Талат Џафери на дебатата „Засилување на улогата на Собранието – Помеѓу реформите и политичката волја“.
„Неретко се случува власта и моќтта да го расипе човекот. Затоа треба да обезбедиме вистински механизми каде ќе имаме владеење на правото и високо развиена политичка култура и свест и одговорност да се превенира злоупотребата на таа моќ. Треба сите заедно ако ја сакаме оваа наша држава ако сме одговорни за сегашноста но и за иднината на генерациите што доаѓаат, треба со сиот свој капацитете да работиме на остварување на овие принципи. Одговорноста пред се е на нас кои сме добиле мандат од граѓаните да ја водиме државата, но одговорност имаат и другите општествени субјекти, а и секој поединец како граѓанин“, рече Џафери.
Дебатата е организирана од Институтот за демократија Социетас Цивилис.