Во повеќето предмети на СЈО има предлози за притвор, Судот ќе треба итно да постапува, а едно од барањето е и за претседател на политичка партија, кажа специјалната обвинителка Катица Јанева на денешната прес-конференција.
„Судот ќе треба уште веднаш да почне да решава по нив, бидејќи постапката е итна“, изјави Јанева.
На прашање кои се тие, Јанева рече дека „ниту имиња, ниту ништо не значи за нас, освен доказите“.