200 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН НА САМИТОТ НА ЕУ ВО ТРСТ

    200 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН НА САМИТОТ НА ЕУ ВО ТРСТЕвропската унија планира до 2020 година да даде 1,3 милијарди евра за Западен Балкан за транспортни коридори, заштита на животната средина,за унапредување на граѓанското општество, што ќе придонесе,за враќање на безбедноста и мирот во земјите од Западен Балкан.-Амбасадорите на ЕУ и на Италија Семуел Жбогар и Карло Ромео на денешната прес-конференција. (Фото:СДК.МК)

    Седум проекти во вредност од 200 милиони  евра европска помош ќе бидат поделени на шестте земји од Западен Балкан на Самитот во Трст кој што ќе се оддржи на 12 јули.

    Колку пари ќе добие секоја земја и за кој проект, амбасадорот на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар и на Италија Карло Ромео, не кажаа, објаснувајќи дека не се овластени да зборуваат за проектите.

    „За два дена ќе се објави колку и за кои проекти ќе добијат пари земјите од Западен Балкан“, рекоа амбасадорите на ЕУ и на Италија во Македонија, Сaмуел Жбогар и Карло Ромео на денешната прес-конференција, посветена за Самитот на премиери на ЕУ и на шестте земји од Западен Балкан.

    На Самитот  ќе биде потпишан еден од најважните договори за регионална соработка, договорот за транспортна заедница на шестте земји од Западен Балкан.

    „Со договорот за транспортна заедница ќе се отстранат трговските бариери меѓу земјите од Западен Балкан, ќе се зголеми динамиката на регионалната  трговска размена, ќе се започе хармонизирање на националните законодавства со европските закони. Ќе се приближи физичкото поврзување на земјите со тие на Европската унија. Тоа ќе биде поддршка во процесот на проширување на Европската унија, консолидација на безбедноста, затворање на прашањата на национализмот, како и унапредување на безбедноста“, потенцираа амбасадорите Жбогар и Ромео.

    Европската унија планира до 2020 година да даде 1,3 милијарди евра за Западен Балкан за транспортни коридори, заштита на животната средина, за унапредување на граѓанското општество, што ќе придонесе, како што рекоа амбасадорите Жбогар и Ромео за враќање на безбедноста и мирот во регионот.

    На 12 јули на Самитот во Трст ќе учествува и македонска делегација предводена од премиерот Зоран Заев. На Самитот покрај потпишување договори, предвидено е и одржување на економски форум, на кого ќе учествуваат премиерите на неколку Европски земји, како и премиерите на земјите од Западен Балкан. Самитот во Трст е продолжување на Берлинскиот процес за проширувањето на ЕУ, за зголемување  на регионалната соработка, посебно во инфраструктурата и економскиот развој на Западен Балкан со некои земји од Европската унија. Берлинскиот процес за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан започна во 2014 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира