ТАРАВАРИ ИМ ЗАБРАНИ НА ДИРЕКТОРИТЕ САМОСТОЈНО ДА ОДЛУЧУВААТ ЗА ОПРЕМУВАЊЕ НА КАБИНЕТИ И ПАТУВАЊА НА КОНГРЕСИ

    ТАРАВАРИ ИМ ЗАБРАНИ НА ДИРЕКТОРИТЕ САМОСТОЈНО ДА ОДЛУЧУВААТ ЗА ОПРЕМУВАЊЕ НА КАБИНЕТИ И ПАТУВАЊА НА КОНГРЕСИМинистерот Арбен Таравари вели дека целта на оваа одлука е да се спречи нерационално трошење на пари, туку тие да се употребат за подобар третман на пациентите.

    Министерство за здравство писмено ги известило сите јавни здравствени установи дека треба да побараат стручно мислење од министерството за сите јавни набавки, кои што досега не се почнати, а се предвидени со годишниот план. Од Министерство за здравство велат дека вакво упатство доставиле до болниците и клиниките за да имаат увид во трошоците и да не се прават нерационални трошоци.

    „Ова не се однесува на набавките кои што се неопходни за нормално функционирање на болниците, како што е набавката на лекови или потребни материјали за работа. Ова се однесува на набавки од типот опремување на кабинети или патувања на конгреси и слични трошоци”, велат од Министерството за здравство.

    Министерот Арбен Таравари вели дека целта на оваа одлука е да се спречи нерационално трошење на пари, туку тие да се употребат за подобар третман на пациентите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира