САЛВАДОР ДАЛИ ЌЕ БИДЕ ЕКСХУМИРАН ЗА ТЕСТ ЗА ТАТКОВСТВО

    САЛВАДОР ДАЛИ ЌЕ БИДЕ ЕКСХУМИРАН ЗА ТЕСТ ЗА ТАТКОВСТВОШпанскиот сликар Салвадор Дали умре од срцев удар во 1989 година на возраст од 84 години.(Фото: АП)

    Телото на сликарот Салвадор Дали ќе биде ексхумирано денеска со цел да се изврши тест за татковство откако шпански судија донесе таква одлука минатиот месец. Почитуван за неговите ексцентрични дела, како часовници што се топат на сликата од 1931 година „Истрајноста на меморијата“ и веднаш препознатлив по неговите мустаќи, Дали умре од срцев удар во 1989 година на возраст од 84 години. Се претпоставуваше дека нема деца.

    Но, 61-годишна жена од градот Жирона, која не беше именувана од судот, го убеди судијата дека Дали треба да биде откопан за да се открие дали е ќерка на уметникот. Жената, која работи како читачка на тарот карти, уште од 2007 година тврди дека е дете на Дали. Таа бара да биде легално призната како негова ќерка за да може да добие дел од неговото наследство.

    Таа вели дека нејзината мајка била вработена во домот на Дали во средината на 1950-те и дека двајцата имале тајна љубовна врска. Дали бил женет со неговата муза Гала во тој период.
    Дали е погребан меѓу неговите уметнички дела во Театарот и музеј Дали во Фигуерес, град во Каталонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира