СУГАРЕСКИ ГИ ЗАМОЛИ МЕПСО И ДРЖАВНИ ПАТИШТА ДА МУ ОВОЗМОЖАТ ЗАВРШУВАЊЕ НА АВТОПАТОТ КОН ГРЦИЈА

    СУГАРЕСКИ ГИ ЗАМОЛИ МЕПСО И ДРЖАВНИ ПАТИШТА ДА МУ ОВОЗМОЖАТ ЗАВРШУВАЊЕ НА АВТОПАТОТ КОН ГРЦИЈАМинистерот за транспорт и врски Горан Сугарески на денешната прес-конференција пред министерството.

    Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески вели дека изградбата на автопатот кон Грција е во застој поради некомплетна документација и апелираше до МЕПСО и Јавното претпријатие за државни патишта да достават комплетна документација до неговото министерство за да може автопатот да биде пуштен во употреба.

    „Апелирам и до ЈП за државни патишта и до МЕПСО да достават комплетна документација до Министерството за транспорт и врски со цел побргу да се постапи по нив со што ќе биде изграден контролниот центар и ќе биде дислоциран 400-киловолтниот далновод од МЕПСО, а со крајна цел да биде пуштен во употреба автопатот Демир Капија-Смоквица”, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на денешната прес-конференција.

    Како што кажа министерот, станува збор за изградба на контролниот центар во Неготино каде што ЈП за државни патишта има поднесено некомплетна документација и за дислокација на 400-киловолтниот далновод од МЕПСО, кој што преку комплетна документација преку ЈПДП требало да биде доставено до Министерството за транспорт и врски со цел да се издаде одобрение за дислокација.

    Тој очекува автопатот да биде пуштен во употреба до 10 декември ако, како што кажа, двете институции ги достават документите.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира