БУБО КАРОВ Е СОВЕТНИК НА МИНИСТЕРОТ БЕЗ РЕСОР РОБЕРТ ПОПОВСКИ, ПОТВРДИ ВЛАДАТА

    БУБО КАРОВ Е СОВЕТНИК НА МИНИСТЕРОТ БЕЗ РЕСОР РОБЕРТ ПОПОВСКИ, ПОТВРДИ ВЛАДАТАМинистерот без ресор, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски и неговиот советник Бубо Каров. (Фото: Влада)

    Комичарот Љупчо Бубо Каров од денеска е надворешен советник на министерот без ресор, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, соопштија од Секторот за односи со јавноста на Владата.

    „Неговото искуство со медиумите и во јавните настапи, ќе биде од особен придонес во работата на Секторот за комуникации и односи со јавноста во Владата на Република Македонија“, се вели во соопштението.

    Љупчо Бубо Каров се прослави со ликот Цацко Конопишки од хумористичната емисија „К-15“, а претходно беше музичар во групата „Токму така“, популарна во доцните 80-ти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира