Директорот на Дирекцијата на технолошки индустриски развојни зони Виктор Мизо и Цветко Грозданов, генералниот директор на АД за стопанисување со станбен простор и деловен простор, поднеле оставки и тие се прифатени на синоќешната владина седница, соопштија од владиниот Сектор за односи со јавноста.
На истата седница, разрешени се Муедин Кахвеџи, директор на Педагошка Служба, Весна Хорватовиќ, директор на Бирото за развој на образованието и Костадин Богданов, директор – владин агент на Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права. На местото на Богданов е именувана Драгица Џонова.
За директорка на ЈНУ Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“-Скопје, избрана Елена Јованова-Грујовска, научен советник. За членови на Надзорниот одбор на Македонска банка за поддршка на развојот АД Скопје, именувани се Никола Поповски, Веланд Рамадани и Кирил Колемишевски и Софче Јовановска.