ПО 11 ГОДИНИ СМЕНЕТА ДИРЕКТОРКАТА НА ФИЛХАРМОНИЈА МАЈА ЧАНАЌЕВИЌ, В.Д. Е ВИКТОР ИЛИЕСКИ

    ПО 11 ГОДИНИ СМЕНЕТА ДИРЕКТОРКАТА НА ФИЛХАРМОНИЈА МАЈА ЧАНАЌЕВИЌ, В.Д. Е ВИКТОР ИЛИЕСКИНа 20 мај, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, заедно со пратеничката и тогашна техничка министерка за култура Елизабета Канческа Милевска вршеше увид на објектот на филхармонија во друштво на директорката Маја Чанаќевиќ, и доби „плакета за особен придонес во културата и уметноста од страна на вработените во филхармонијата“,јави државната агенција МИА која ја следеше посетата (Фото: МИА)

    Директорката на НУ Македонска филхармонија Маја Чанаќевиќ по наодите од инспекцијата на Министерството за култура, денес е разрешена од функцијата. За в.д. директор е поставен Виктор Илиески, тромбонист од оркестарот и претседател на Синдикатот на културата на РМ.

    Во образложениото од кабинетот на министерот Роберт Алаѓозовски се вели дека директорката на установата не го усогласила работењето согласно со законските одредби и со Статутот на установата. Увидено е дека Чанаќевиќ нема донесено годишни програми за оваа и за минатата година, дека делела гратис билети над бројот утврден со Одлуката на УО, при што за свечениот концерт за отворање на новата концертна сала директорката поделила дури 636 гратис билети (од вкупно 960 билети), без прецизна евиденција кому се доделени билетите.

    Инспекцијата увидела дека разрешената директорка не презела мерки за двајца вработени кои подолго не доаѓале на работа, при што на едниот за вршење задачи кои не се според неговото работно место му исплатила дополнителни пари во износ од 550.683 денари (бруто).

    Чанаќевиќ, која 11 години беше директорка на Македонската филхармонија нема извршено распределба на вработените според систематизацијата, направила трошок на мобилниот телефон над дозволеното, што не го регулирала во благајната со што не ја почитувала Одлуката на УО, не биле спроведувани реаудиции, и Филхармонијата нема воведено електронски систем за евиденција на работното време на вработените.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира