Шест француски војници се повредени откако беа удрени од автомобил во Париз. Двајца од војниците се сериозно повредени, додека останатите имаат полесни повреди, соопшти француската полиција.
Патрик Балкани, градоначалникот на комуната Левалоа-Пере, кажа дека БМВ паркирано во уличка се втурнало во војниците додека тие ја напуштале касарната да одат на патрола.
Во тек е голема полициска операција во потрага во БМВ-то и возачот.
„Без сомнеж, ова беше намерен акт“, изјави Балкани за телевизијата „БФМ ТВ“.