Легендарниот актер Џери Луис, еден од најуспешните комичари на Холивуд, почина на 91 година, јавуваат американските медиуми.
Неговото 10-годишно партнерство со Дин Мартин создаде 16 филмови кои имаа огромен успех.
Луис стана најплатениот актер во Холивуд, со хитовите како „Хотелски портир“, „Пепелашко“ и „Лудиот професор“.
Актерот почина во својот дом во Лас Вегас.