ДВАЈЦА ВРАБОТЕНИ ВО УЈП ОВОЗМОЖИЛЕ 37 ФИРМИ 2 ГОДИНИ ДА БИДАТ ИЗЗЕМЕНИ ОД ПРИСИЛНА НАПЛАТА НА ДАНОК НА ДОБИВКА

    ДВАЈЦА ВРАБОТЕНИ ВО УЈП ОВОЗМОЖИЛЕ 37 ФИРМИ 2 ГОДИНИ ДА БИДАТ ИЗЗЕМЕНИ ОД ПРИСИЛНА НАПЛАТА НА ДАНОК НА ДОБИВКАСтанува збор за милионски суми и за компании од Скопје приватни и државни,рече директорката на УЈП Сања Лукаревска (Фото: МИА)

    Двајца вработени од Управата за јавни приходи (УЈП), меѓу кои има и раководители, им овозможиле на 37 фирми 2 години да бидат изземени од присилна наплата на данок на добивка. Директорката на УЈП Сања Лукаревска денеска на прес-конференција рече дека станува збор за компании од Скопје приватни и државни, но поради даноча тајна не ги кажа имињата.

    „Има компании од сите дејности и станува збор за милионски суми. Дел од нив се познати на јавноста“, рече Лукаревска. Фирмите се појавуваат на листата на даночни должници на УЈП.

    Амнестирањето било овозможено така што фирмите биле испуштани да се внесат во системот за опомени на УЈП.

    Против вработените се води дисциплинска постапка, а текот на истрагата ќе покаже дали ќе се оди и со други мерки, рече Лукаревска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира