Премиерот Зоран Заев денеска ќе се воздржи од давање политички изјави поради верскиот празник Успение на Пресвета Богородица.
При посетата на православниот храм во изградба „Успение на Пресвета Богородица“ во неговата родна Струмица, од протоколот на Владата на новинарите им беше речено дека „во духот на големиот христијански празник, премиерот нема да одговара на новинарски прашања“.
„Македонија е се што имаме, а нашата црква е нашиот покровител, надевајќи се дека овие празници ќе ни ја вратат добрината во душата за да продолжиме да бидеме пред се добри луѓе“, рече Заев во Струмица.
Пред посетата на црквата во изградба, тој бил на утринска литургија во манастирот во селото Водоча, а потоа замина кон црквата „Свети Петнаесет тивериополски маченици“.
Заев ќе го слави празникот во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Берово.
В.ТРАЈКОВ