Општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ се опремија со најмодерни т.н. „идиоти“, односно машини за читање кои ги користат телевизиските водители.
За прв пат вакви современи „идиоти“ беа поставени во прес-центарот во новата зграда на партија во Скопје. Сега членовите на партијата кои држат прес-конференции и во другите градови, повеќе не читаат од на лист напишани соопштенија, туку говорот го читаат од машините.
Од ВМРО-ДПМНЕ кусо ни рекоа дека се добро опремени со вакви машини, бидејќи ги следат светските трендови.
А. АНТЕВСКА