РАСПУКА БАРОКОТ НА ВЛАДАТА ОД 22 МИЛИОНИ ЕВРА

    РАСПУКА БАРОКОТ НА ВЛАДАТА ОД 22 МИЛИОНИ ЕВРАПукнатини има на античките столбови, околу прозорците и на релјефите со кои е украсена фасадата. (Фото:СДК.МК)

    Почна да пука барокот на Владата од 22 милиони евра. Пукнатини има на античките столбови, околу прозорците и на релјефите со кои е украсена фасадата. Според информации од Владата, пукнатини има и во внатрешноста, односно во кабинетите и работните простории.

    Од Владата велат дека вршат увид на целокупната владина зграда и откако ќе биде констатирана состојбата во која се наоѓа ќе се преземат соодветни мерки.

    „Увидени се пукнатини на повеќе места, не само на фасадата, туку и внатре во Владата. Сето ова е резултат на крајно неквалитетно изведени градежни работи од минатото раководство“, велат од Владата.

    ВО БЕЛИОТ ДВОРЕЦ НА ВЛАДАТА ОД 22 МИЛИОНИ ЕВРА НАЈГОЛЕМ Е ПОРТРЕТОТ НА ГРУЕВСКИ

    Ентериерот на зградата е луксузно реновиран, со кожни фотелји, фин дрвен паркет, тркалезна маса и врати од масивно дрво и големи лустери. Според податоците од Бирото за јавни набавки, реновирањето на Владата чинеше 21,9 милиони евра. Од државниот буџет за ентериерното уредување се потрошено 5,2 милиони евра. Внатрешното реновирање беше дел од промената на фасадата на владината зграда, како дел од проектот „Скопје 2014“ што чинеше 16 милиони евра, а за оградата од ковано железо се потрошени 700.000 евра. Промената на надворешниот изглед на Владата почна во 2011, без согласност за изведба на проектот од оригиналниот автор на објектот Петар Муличковски.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира