ПОВТОРНО ЌЕ ДОБИВААТ СОЦИЈАЛНА ПОМОШ 910 ЛИЦА, КОИ БИЛЕ ИЗБРИШАНИ ОТИ ДОБИЛЕ ПАРИ ПРЕКУ БРЗ ТРАНСФЕР

    ПОВТОРНО ЌЕ ДОБИВААТ СОЦИЈАЛНА ПОМОШ 910 ЛИЦА, КОИ БИЛЕ ИЗБРИШАНИ ОТИ ДОБИЛЕ ПАРИ ПРЕКУ БРЗ ТРАНСФЕРМинистерството за труд и социјална политика обезбеди 300.000 евра за три центри за жртви на сексуално насилство и еден шелтер центар, кажа министерката Мила Царовска. (Фото:МТСП)

    Социјална помош повторно ќе добиваат 910 лица, кои биле избришани од системот за социјална заштита, и го изгубиле ова право, бидејќи добивале средства преку брз трансфер на пари. Ова го кажа министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, при отчетот за сработеното за 100 дена Влада.

    Таа кажа дека со измените во Законот за социјална заштита правото на паричен надоместок за помош и нега од друго лице, додатокот за слепило и мобилност, и додатокот за глувост, ќе може да ги остварат сите лица со попреченост, без оглед на неговите приходи.

    „Со ова сите граѓани од овие категории добиваат еднаква и фер поддршка од државата. Дополнително се намалуваат трошоците од вкупно 1.700 денари за конзилијарно мислење и упат кои досега ги плаќаа овие граѓани. Со измените, првостепената комисија ќе ги посетува граѓаните во домашни услови и по претходна дијагноза тие ќе си го остварат правото на помош и нега од друго лице”, рече Царовска.

    Во првите 100 дена од новата Влада во центрите за социјална работа се вработени 29 нови стручни социјални работници, од предвидените 60 вработувања. Царовска рече дека најголемиот проблем центрите ефикасно да работат е токму недостигот од кадар.

    „Почнавме и со подготовка на институциите за ратификација на Истанбулската конвенција. Обезбедивме 300 илјади евра за три центри за упатување на жртви на сексуално насилство и еден шелтер центар за заштита на жртви на сексуално насилство“, рече Царовска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира