СОВРЕМЕНИОТ РОБИНСОН КРУСО ЖИВЕЕ САМ 28 ГОДИНИ НА ИТАЛИЈАНСКИ ОСТРОВ

    СОВРЕМЕНИОТ РОБИНСОН КРУСО ЖИВЕЕ САМ 28 ГОДИНИ НА ИТАЛИЈАНСКИ ОСТРОВИако има аверзија кон луѓето, Моранди гo чува крајбрежјето на Будели со голема страст и ги учи посетителите за време на летото за екосистемот и како тој треба да се заштити. (Фото: Нешнл џиографик)

    По несреќата со неговиот брод во 1989 година во морската зона меѓу Сардинија и Корзика, морските бранови го однеле Мауро Моранди на брегот на островот Бундели. Моранди, кој долго време бил разочаран од општеството, го продаде бродот и се смести на островот. До денешен ден, по 28 години, тој сѐ уште не заминал од таму.

    Националниот парк „Мадалена Аркипелаго“ се состои од седум острови, а Будели се смета еден од најубавите со неговата „Спијаџа Роса“ (црвена плажа). Во почетокот на 90-те, плажата беше прогласена како место од големо значење од италијанската влада. Во 2016 година, по тригодишната правна битка помеѓу еден бизнисмен од Нов Зеланд и италијанската влада околу сопственоста на островот, судот донесе одлука дека Будели му припаѓа на Националниот парк „Мадалена“.

    „Никогаш нема да заминам“, вели Моранди. Тој верува дека целиот живот е поврзан со земјата – дека сите сме дел од истата енергија.

    Истата година, националниот парк го оспори правото на Моранди да живее на островот и јавноста одговори поддржувајќи го Моранди со 18.000 потписи, принудувајќи ги локалните политичари бескрајно да го одлагаат неговото протерување.
    „Никогаш нема да заминам“, вели Моранди. Тој верува дека целиот живот е поврзан во земјата – дека сите сме дел од истата енергија. Токму ова уверување е тоа што го држи Моранди на островот.

    Иако има аверзија кон луѓето, Моранди ги чува крајбрежјата на Будели со голема страст и ги учи посетителите за време на летото за екосистемот и како тој треба да се заштити.
    „Не сум ни ботаничар, ни биолог“, вели тој. „Точно, јас ги знам имињата на растенијата и животните, но мојата работа се состои од многу повеќе.“

    Зимата на Будели е посебно убава. Моранди преживува долги временски периоди, до 20 дена, без никаков контакт со луѓе. „Се наоѓам во еден вид на затвор. Но затворот што сам сум го одбрал“.
    Тој го поминува времето со креативни занимации. Од смрека прави скулптури, чита и медитира околу мудростите на Грчките филозофи и генијалците на светската книжевност. Го слика островот со фотоапарат, восхитувајќи им се на промените од час во час, од едно годишно време во друго.

    Моранди преживува долги временски периоди, до 20 дена, без никаков контакт со луѓе.

    „Сите мислиме дека сме гиганти што доминираат со светот, но всушност сме само мали комарци“, вели 78-годишниот Моранди, кој често пешачи на брегот на островот Будели со погледот свртен кон морето, чувствувајќи се мал и немоќен пред силите на природата.

    Овој начин на живеење не е толку необичен за луѓе кои поминуваат долго време осамени. Научниците дури одамна имаат заклучено дека самотијата произведува креативност, што може да се докаже преку бројните примери на уметници, поети, и филозофи кои низ годините нивните најзначајни дела ги создале кога биле изолирани од општеството.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира