ВО ОТСУСТВО НА „ИГРА НА ТРОНОВИ“, „ПРИКАЗНАТА НА СЛУГИНКАТА“ СОБРА ОСУМ НАГРАДИ ЕМИ

    ВО ОТСУСТВО НА „ИГРА НА ТРОНОВИ“, „ПРИКАЗНАТА НА СЛУГИНКАТА“ СОБРА ОСУМ НАГРАДИ ЕМИ„Приказната на слугинката“ е големиот победник на вечерта. - Екипажот на серијата со наградите

    „Приказната на слугинката“ е апсолутниот победник на доделувањето на ТВ-наградите Еми, што се одржа по 69. пат.

    Серијата на ХБО собра осум статуетки, вклучувајќи ги оние за најдобра драма, најдобра актерка (Елизабет Мос) и за најдобра режија, при што Рид Морано стана првата жена која славела во оваа категорија во последните 22 години.

    Џулија Луис-Дрејфус постави нов рекорд, освојувајќи го шестиот едноподруго Еми за улогата на потпретседателката на САД во серијата „Вип“, која, истовремено, беше прогласена и за најдобра комедија. Ова е вкупно осма ваква награда во кариерата на Луис-Дрејфус.

    Еми за најдобар актер им припадна на Доналд Гловер („Атланта“, комедија) и на Стерлинг Браун („Ова сме ние“, драма). Гловер, истовремено, ја доби и наградата за најдобар режисер во категоријата комедија.

    „Сите добитници треба да и се заблагодарат на ‘Игра на тронови‘ за тоа што вечерва не е овдека“, се пошегува водителот Стивен Колберт, откако најтрофејната серија во историјата на Еми не беше во конкуренција оваа година, бидејќи го испушти рокот за пријавување.

    Најголем губитник на вечерта е „Западен свет“ на ХБО, која беше номинирана во 15 категории, а славеше само во една.

    ХБО имаше најмногу номинации оваа година, 110, додека „Нетфликс“ собра 91.

    За разлика од лани, шегите на сметката на Доналд Трамп веќе не се популарни во Холивуд, а изненадување на вечерта беше појавувањето на бившиот портпарол на Белата куќа, Шон Спајсер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира