БАНКАТА СИЛК РОУД ГО БЛОКИРАШЕ ФЕНИ, НЕ МОИТЕ КОМПАНИИ, КАЖА АНЃУШЕВ

    БАНКАТА СИЛК РОУД ГО БЛОКИРАШЕ ФЕНИ, НЕ МОИТЕ КОМПАНИИ, КАЖА АНЃУШЕВАнѓушев потврди дека „Фени индустри“ има финансиски потешкотии. - Вицепремиерот Анѓушев и министерот Сугарески денеска имаа средба со бизнисмените од Пелагонискиот регион (Фото: Влада)

    Вицепремиерот Кочо Анѓушев негираше дека негови фирми ја блокирале сметката на „Фени индустри“ и рече дека кавадаречката фабрика била блокирана од банката „Силк Роуд“, а потоа и од други банки и од добавувачот на руда од Албанија. Анѓушев потврди дека „Фени индустри“ има финансиски потешкотии, но рече дека работниците вчера земале плати и никој нема да биде отпуштен. Вицепремиерот одговараше на новинарско прашање дали неговите фирми го блокирале „Фени индустри“ и со тоа ги загрозиле работните места на илјада вработени во фабриката.

    „Тоа не само што не е точно, тоа е дрска лага и конструкција на некои опозициони медиуми. Вистината е дека ‘Фени’ има финансиски потешкотии. ‘Фени’ беше блокиран од ‘Силк роуд’ бакната и од страна на други банки. Тие, бидејќи не ги исполнувале своите финансиски обврски кон банките беа блокирани, и понатаму следеше блокада од страна на добавувачот на руда од Албанија. Апслоутно Владата е посветена, интензивно разговараме со сопственичката структура на ‘Фени’ и со менаџерскиот тим да изнајдеме решение како овој проблем да биде разрешен. ‘Фени’ е голем индустриски капацитет, вчера беше исплатена платата на работниците, сите одат на работа секој ден и никој нема да биде отпуштен. Фабриката не престанала да работи, само го намали својот капацитет за момент, за одреден период. Сепак, менаџментот и сопствениците на компанијата мора прво да дадат решенија, бидејќи државата не може да се меша во сите операции на приватен капитал, може да помогнеме само со одредени мерки, да помогне краткорочно, но долгорочно треба да менаџерскиот и сопственичкиот тим да најдат решенија“, изјави Анѓушев.

    Кавадаречката фабрика „Фени индустри“ е излепена со известувања од извршители и еден од нив, Ангел Костадиновски, вчера за САКАМДАКАЖАМ.МК потврди дека деновиве попишал дел од опремата на компанијата поради долгови за да не може да се продава, а по него тоа го сториле уште двајца други извршители.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира