Жените во Саудиска Арабија добија право да возат откако кралот Салман издаде декрет со кој што се дозволува возачки дозволи да им бидат издавани и на жени. Забраната за жени да возат беше еден од столбовите на саудискиот конзерватизам и едно од главните барања на активистите за реформи во кралството.
Декретот на саудискиот крал доаѓа среде опширна реформска програма и следува по минатонеделното укинување на забраната за жени да присуствуваат на спортски натпревари. Ова е најголемата општествена промена во Саудиска Арабија, каде што улогата на жената во јавниот живот е драстично ограничена.