НА ГИНЕКОЛОГИЈА ПОЧИНАЛЕ ЧЕТИРИ ПРЕДВРЕМЕ РОДЕНИ БЕБИЊА, СУСПЕНДИРАНА ДЕЖУРНАТА ДОКТОРКА

    НА ГИНЕКОЛОГИЈА ПОЧИНАЛЕ ЧЕТИРИ ПРЕДВРЕМЕ РОДЕНИ БЕБИЊА, СУСПЕНДИРАНА ДЕЖУРНАТА ДОКТОРКАДенес инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат вршат вонреден надзор на Клиниката за гинекологија и акушерство. (Фото:СДК.МК)

    Четири предвреме родени бебиња минатата недела починале на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, а дежурната докторка е суспендирана. Според информациите од Клиниката, бебињата починале ноќта меѓу четвртокот и петокот. Тие биле со ниска гестациска возраст, со претходно констатирани мултиоргански засегања и застој во растот.

    „Според инфромациите од Клиниката за гинекологија, едното било родено во 25. недела со екстремен прематуритет, второто е родено во 27. недела со мултиоргански засегања и невролошка симптоматологија од централен тип, а другите две се родени во 29. недела од кои едното со претходно утврден застој во растот. Четвртото бебе е родено поради предвреме пукнат воденик и бактерија кај мајката“, велат од Министерството за дравство.

    Министерството информира дека формирале комисија за стручен надзор и времено е суспендирана докторката, која била дежурна таа вечер, се додека не се донесе конечен заклучок од комисијата за стручен надзор.

    „Се очекува овој заклучок да се донесе денес. Денес инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат вршат вонреден надзор на Клиниката за гинекологија и акушерство. Во тек е изработка на посебна стратегија со конкретни мерки и активности за унапредување на гинеколошката здравствена заштита на Клиниката за гинекологија и во сите родилишта во земјава“, велат од Министерството за здравство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира