Три лица се повредени и два автобуси се оштетени при масовна тепачка автобуска станица на Бит пазар во Скопје ноќеска во Скопје, соопшти полицијата.
Наводно, инцидентот го предизвикале навивачи кои се враќале од фудбалскиот натпревар меѓу Вардар и Реал Сосиедад, но МВР не ја потврди таа информација.
Синоќа околу 9 часот неколку лица нападнале патници во двокатниот автобус додека стоел на станицата. Автобусот сообраќал на градската линија број 50.
Според соопштението на МВР инцидентот почнал на горниот кат од автобусот каде што настанала тепачка, која потоа продолжила и на долниот кат. Едно од лицата што учествувало во тепачката го фатило воланот на возачот, по што автобусот удрил во друг автобус што стоел на станицата.
Откако биле отворени вратите од автобусот, физичката пресметка продолжиле на постојката, а по интервенцијата на полицијата лицата се разбегале во различни правци.
Во инцидентот повредени се три лица, кои со возила на итна медицинска помош се префрлени во Ургентниот центар.
Полицијата привело едно лице.