ЗАГИНА АЛПИНИСТ ОД ЧЕШКА ВО ДЕМИРКАПИСКАТА КЛИСУРА

    ЗАГИНА АЛПИНИСТ ОД ЧЕШКА ВО ДЕМИРКАПИСКАТА КЛИСУРААлпинистот паднал качувајќи се со јаже по карпите десно во кањонот во тунелите на сектор ,,Малчек спалчек” - Демиркапсиската клисура

    Седумдесетгодишен алпинист од Чешка загина вчера качувајќи се на Демиркаписка клисура, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори меѓу алпинистите во регионот.

    МВР е известено за несреќата но сѐ уште не го потврдува случајот.

    Алпинистот паднал качувајќи се со јаже по карпите десно во кањонот во тунелите на сектор ,,Малчек спалчек”

    „Дошле со екипа од околу единаесет луѓе од Чешка на различна возраст од триесетина години па нагоре од различни градови во Чешка. Се работи за искусен алпинист“, и изјави Александар Кленов меѓународно познат алпинист од Русија кој веќе неколку години со семејството живее во Македонија.

    Според првичните информации во групата немало македонски алпинисти. За време на несреќата Чесите биле сами во клисурата.

    На Кленов му се јавиле како успешен алпинист и тој отишол да поразговара со нив подетално околу тоа што се случило. По несреќата се јавиле во полиција и бил извршен увид.
    „Чекаат уште во Демир Капија. Го чекаат телото, однесено е на обдукција. И на самите нив им е нејасно како се случило сето тоа“, вели Кленов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира