Хуманитарната акција „Едно капаче-една надеж“, која беше прекината во јули годинава, Министерството за животна средина и происторно планирање денес најави дека ќе ја доврши, а собраните средства ќе се искористат за купување инвалидски колички за Здружението на лица со параплегија и квадриплегија „Без ограничувања“.
Во оваа акција, која ја организираа студенти од Медицинскиот факултет, од целата земја беа собрани околу два тона капачиња, кои требаше да бидат испратени на преработка во фабрика во Турција, а со собраните средства да се купат инвалидски колички за лица со посебни потреби. Во јули годинава акцијата запре, бидејќи фирмата која се обврзала да ги транспортира капачињата се повлече од акцијата.
„Ќе ја дореализираме големата хуманитарно-еколошка акција “Едно Капаче-Една Надеж”. Уште кога беше објавено дека постојат сериозни проблеми во транспортот, складирањето и рециклирањето на собраните капачиња, Министерството се обиде и најде решение како да помогне оваа убава, едукативна, хумана и веќе широко распространета акција да опстане. Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување Пакомак, ќе се погрижи за преземањето и транспортот на собраните капачиња, компанијата за рециклирање СНС Ре-Пласт ќе ги преземе и ќе ги рациклира капачиања“, рече Јани Макрадули, заменик министер за живторна средина на денешната прес конференција.
Тој кажа дека парите од собраните капачиња, како што и првично беше замислено, ќе се искористат за купување инвалидски колички, а обновената акција ја нарекле „Едно капаче-Една надеж +“.
„Покрај хуманитарниот аспект, оваа акција има исклучитечно високо еколошко ниво. Сакам да ја истакнам подготвеноста на Владата за поддршка на домашните компании кои го менаџираат отпадот“, рече Макрадули.
Сите кои имаат собрано капачиња, а досега не ги предале, може да се информираат на веб страната на бинистерството или на фејсбук страната на „Едно капаче-Една надеж +“.
„Верувам дека акцијата ќе продолжи и наредната година, а Министерство е спремно да се вклучи уште од самиот почеток. Го поздравувам досеагашниот ангажман на сите чинители вклучени во оваа хумана акција, пред се Македонската медицинска студентска асоцијација која ја иницираше и ентузијастички ја спроведуваше оваа акција уште од 2013 година, потоа сите хумани деца, ученици, наставници, граѓани, компании и фирми“, рече Макрадули.