ЌЕ ПРОПАДНЕВМЕ АКО ГРАДЕВМЕ БАЗЕН И ТЕНИСКИ ТЕРЕНИ КАКО ШТО САКАШЕ МИНАТАТА ВЛАДА, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА САЛАТА „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“

    ЌЕ ПРОПАДНЕВМЕ АКО ГРАДЕВМЕ БАЗЕН И ТЕНИСКИ ТЕРЕНИ КАКО ШТО САКАШЕ МИНАТАТА ВЛАДА, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА САЛАТА „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“На сметката на СЦ„Борис Трајковски“ биле префрлени пола милион евра за оваа намена. Новиот директор Александар Петровски ги стопирал овие проект, за како што вели да не се блокира работењето на центарот бидејќи наследил голем број долгови.(Фото: Фејсбук/СЦ „Борис Трајковски“)

    Со парите кои минатата Влада ги префрлила за изградба на базен во аква паркот и затворени тениски терени во СЦ „Борис Трајковски“, новото раководство ги покрило долговите кои ги наследило од претходниците. На сметката на СЦ „Борис Трајковски“ биле префрлени пола милион евра за оваа намена. Новиот директор Александар Петровски ги стопирал овие проекти, за како што вели да не се блокира работењето на центарот бидејќи наследил голем број долгови.

    Новиот директор вели дека во наредниот период ќе работи и на подобрување на условите и услугите во аква паркот, а од наредната недела ќе биде отворено лизгалиштето. – Александар Петровски

    „Доколку почнеше реализацијата проектите отворен базен во аква паркот, каде сметам дека нема доволно простор за негова изградба и затворени тениски терени, ќе пропадневме. Изградбата на овие објекти повлекува многу повеќе пари. Треба да си ја пуштиме чергата колку што ни се долги нозете. Со одлука на Влада добив дозвола со овие пари да се платат дел од долговите и побарувањата“, вели новиот директор на СЦ „Борис Трајковски“ Александар Петровски.

    Петровски освен лоша финансиска состојба вели дека многу работи во салата, базенот, аква паркот и останатите содржи кои ги има во спортскиот центар биле занемарени.

    „Хигиената во базенот беше лоша, покривот не е во добра состојба и наредната година се надевам ќе обезбедиме пари за реновирање. И во салата работите не беа ништо подобри, не ми беше јасно зошто лифтовите не работат, а подземниот паркинг никој не го користи. Тој беше претворен во магацин, затрупан со потребни и непотребни работи, 40 камиони со ѓубре изнесовме. Сега тој е функционален, па ѕвездите и спортистите кои настапуваат ќе можат професионално преку паркингот да дојдат до салата, а не како досега преку улица, меѓу посетители и навивачи. Стинг беше првиот кој го сефтоса“, вели Петревски.

    Новиот директор вели дека во наредниот период ќе работи и на подобрување на условите и услугите во аква паркот, а од наредната недела ќе биде отворено лизгалиштето.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира