Едно лице е убиецот на Мартин Јанушев, во кого беше пукано минатиот петок пред кафулето „Гет“ во скопската населба Аеродром, беше соопштено на денешниот брифинг во МВР. Според првичните сознанија на полицијата, единствен мотив за убиството е меѓусебно недоразбирање меѓу убиецот и убиениот. Од МВР велат дека има напредок во истрагата, и дека се сослушуваат 35 сведоци.
Од јули годинава досега, во Македонија се извршени 12 убиства, од кои што две се нерасчистени. Нерасчистено е убиството на Дилавер Бојку Леку во Струга и последното на Јанушев. Од МВР не откриваат детали дали лицето за кое сметаат дека е убиецот на Јанушев е во земјава или во странство.
Г. ТРПЕНОСКИ